Нови придобивки од какаото

Нови придобивки од какаото

Погледнете ги позитивните здравствени ефекти од какаото

Никогаш не е доволно од добрите вести за позитивните здравствени импликации од какаото и последователно на тоа, од чоколадото. Последните добри вести укажуваат на тоа дека дневното конзумирање на околу 40 грама какао со млеко ги подобруваат нивоата на холестеролот.

Истражувачите во Шпанија работејќи на студија за нутриционистичката вредност на какаото дошле до заклучок дека внесувањето на 40 грама какао во прав дневно во приближно две чаши нискомасно млеко, ги стабилизира и подобрува нивоата на холестеролот.

Иако се работи за релативно мало истражување (само 42 испитаници со просечна возраст од 70 години) кое траело релативно кусо време (два пати по четири седмици), сепак истражувачите откриле дека кога на испитаниците им било давано нискомасно млеко со какао, наместо обично млеко, било забележано покачување од 5 проценти на добриот HDL холестерол, a истовремено и пад на лошиот LDL холестерол од 14 проценти.

Ако сакате сами да ги испитате тврдењата на шпанските научници, тогаш повторете го експериментот и проверете како ќе се чувствувате (ако страдате од некоја хронична болест задолжително консултирајте се со матичниот лекар).

Потребната дневна количина какао (40 грама) е приближно 3 супени лажици.

Незасладен какао прав измешајте со мала количина жешка вода и мешајте додека добиете смеса што наликува на паста.

Потоа изматете ја смесата со нискомасно млеко и засладете ја малку, со засладувач по избор.

Top