10 правила за слабеење кои функционираат

10 правила за слабеење кои функционираат

Ако сте еден од луѓето кои со години се борат со вишокот килограми, тогаш до сега веќе сигурно ви здодеало од лоши совети и диети. Од друга страна, овие 10 правила за слабеење докажано функционираат.

1. Исхраната е важна. Без разлика колку напорно вежбате, ќе ви биде многу тешко да ја намалите телесната тежина доколку не ја промените исхраната. Никој не може со вежбање да ја победи лошата исхрана. Неопходно е да внесувате онолку калории колку што се потребни за да ја постигнете својата цел, притоа одбирајќи храна со доволно хранливи материи.

2. Јадете често. Бројот на оброци е различен кај секој човек, но едно нешто е заедничко и не може да биде побиено – јадењето повеќе мали оброци во поблиски интервали може да спречи ненадејна појава на глад.

3. Вежбајте кардио вежби. Можете да држите диета, да исклучите шеќер, јаглехидрати, леб и масти од исхраната, да пиете само вода и да се лишите од многу задоволства, но ако не вежбате кардио нема да можете да ослабите, барем не на правилниот и здрав начин.

4. Вежбајте со тегови. Кардио вежбите ќе ви помогнат да ги намалите масните наслаги, но неопходно е да вежбате и вежби со тегови, за да го зацврстите и зголемите мускулното ткиво, кое потоа ќе го забрза метаболизмот и ќе ја зголеми потрошувачката на калории. На тој начин ќе бидете сигурни дека килограмите нема одеднаш да се вратат.

5. Намалете ги јаглехидратите. Јаглехидратите не ви се непријател, со оглед на тоа што тие се основниот извор на енергија. Сепак, ограничувањето на внесот на јаглехидрати е ефикасен начин да се ослободите од вишокот килограми. Од исхраната треба да ги намалите: без ориз, леб, тестенини, шеќер и пиво.

6. Збогувајте се со брзата храна. Свежото овошје, зеленчукот и месото ќе го одржат чувството на ситост многу подолго отколку процесираната храна. Дополнително, од овие прехранбени производи ќе добиете многу повеќе хранливи материи.

7. Раздвижете се. Пасивниот животен стил нема да ви помогне да ги намалите килограмите. Дури и ако одвоите 30 минути од секој ден за вежбање, целодневното седење сепак може да ви наштети. Движете се колку што можете почесто.

8. Ослободете се од искушенијата. Искушенијата ќе ги најдете на секој чекор, но не мора сами да ги создавате. Колку повеќе нездрава храна, слатки и грицки чувате во домот, толку е поверојатно во некој миг да посегнете по нив.

9. Јадете помалку. Меѓу сите други нешта во програмите за слабеење, од исклучителна важност е и големината на порциите. За почеток, намалете ја вашата досегашна порција. Доколку по некое време тоа не ги даде очекуваните резултати, можете да се консултирате со професионалец или пак со вашиот матичен лекар за подесување на порциите.

10. Запишувајте сè. Ако сте сериозно посветени на намалување на телесната тежина, бележењето сè што јадете и пиете може да биде од голема помош. Ако не сакате да го правите тоа на старомодниот начин, во хартиена форма, во денешно време постојат голем број он-лајн дневници за вежбање кои го бележат внесот на калории, видот на храната и тренинг сесиите.

Top