Лековитите својства на алое вера

Лековитите својства на алое вера

Секој може да засади алое вера во домашни услови.

Потребна ви е само саксија и малку земја. Лековитите својства на алое вера се познати уште од почетокот на цивилизацијата и ова растение се користи за нега на кожата, но и за третирање констапација.

Алое вера како лек

Маста од алое вера се користи за третирање на разните промени што може да се случат на телото. Најефикасна е за благи изгореници, псоријаза, акни итн. Исто така, се користи за третман на хемороиди и проширени вени. Гелот од алое вера содржи антивоспалителни супстанци и се користи за третман на рани од убоди од инсекти. Алое вера е најдобро познатиот лек за третман на кожата.

Маста од алое вера ја зацврстува кожата, ја прави пофлексибилна и ја лади. Создава слој врз кожата и има смирувачки ефект. Најчесто, оваа маст ја користат младите луѓе и оние кои имаат проблеми со акни. Гелот од алое вера се користи и за спречување на појавата на дамки на лицето како последица од стареењето.

Алое вера може да се користи и орално

Oва значи дека алое вера може да се пие во форма на сок или да се јаде како дел од различни рецепти. Иако истражувањата не дадоа финални резултати за ефектите од алое вера како пијалак, прелиминарните резултати велат дека овој сок е погоден за луѓето кои страдаат од кој било вид дијабетес, артритис или чир на желудникот.

Алое вера како лаксатив

Доколку користите алое вера, треба да сте свесни дека поголеми количества можат да предизвикаат несакани нус појави. Најизразената нус појава од претерано користење на алое вера е ефектот на лаксатив.

Алое вера е одличен лаксатив и токму затоа е неопходно правилно дозирање, за да се избегнат несаканите ефекти. Лаксативот од алое вера е исклучително силен и затоа докторите го препишуваат само кога е апсолутно неопходно. Доколку претерате со конзумирањето на алое вера, можно е да се соочите со дехидрација поради претерано исфрлање на измет, што потоа предизвикува недостиг на електролити во слузокожата од гастроинтестиналниот тракт.

Top