Храна што го намалува апетитот

Храна што го намалува апетитот

Се храните здраво, но апетитот Ви го отежнува намалувањето на телесната тежина. Ова се прехранбените производи што ќе Ви помогнат да ја намалите потребата од храна за кусо време.

Јаболко

Јаболката се богати со растителни влакна и поради тоа ќе се чувствувате сити подолго време. За да изџвакате едно јаболко ќе Ви треба малку повеќе време, па така мозокот ќе има доволно време да ја добие информацијата дека сте најадени.

Супа

Супите се вкусни, а не се претерано калорични. Според медицинските истражувања, луѓето кои дневно на менито имаат две порции супа, намалуваат двапати повеќе телесна тежина од оние кои истите калории ги внесуваат преку друга храна. Секако, подобар избор се бистрите супи од зеленчук, наспроти кашестите супи.

Зелка, краставици, марули

Зелените зеленчуци се совршени за намалување на апетитот. Бргу го полнат стомакот, а имаат мал број калории. Токму затоа, пред секој оброк направете си салата од зелка, краставици или марули и значително ќе го намалите внесот на калории. Во просек, луѓето кои редовно јадат салата пред оброкот внесуваат по 12 проценти помалку калории.

Банани

Доколку чувствувате глад, а следниот оброк Ви е планиран за подоцна во денот, изедете една банана. Таа ќе го ублажи гладот и без проблем ќе издржите до оброкот. Во бананите има голема концентрација на калиум и растителни влакна. Двете состојки го подобруваат варењето на храната и даваат чувство на ситост.

Темно чоколадо

Темното чоколадо со најмалку 60 до 70 проценти какао е одлично за ублажување на гладот. Овој вид чоколадо е корисен за здравјето, но би требало да внимавате при конзумирањето, затоа што сепак содржи шеќер и масти. Затоа, ограничете ги порциите.

Top