Семки од сончоглед

Семки од сончоглед

Кој знаел дека семките од сончоглед се најбогати со фитостерол од сите семки? Благодарение на фитостеролот, тие можат да помогнат во намалувањето на нивото на холестеролот во крвта. Семките од сончоглед, се богати и со витамин Е и селениум. Витаминот Е помага во спречувањето болести на срцето и ги олеснува симптомите на астма и артритис, а селениумот помага во поправање на ДНК клетките, ги уништува клетките заболени од рак и го прочистува црниот дроб. Во смути ставајте ги семките исчистени од лушпата.

Здравствени придобивки

  • Може да помогнат во олеснување на тврда столица
  • Одлични извори на антиоксиданси, витамин Е и селениум
  • Богати со фитостероли кои помагаат во намалување на холестеролот во крвта
  • Помагаат во смирување на нервите

Одбирање

Семките од сончоглед ги има во продажба скоро во сите продавници и маркети. Кога купувате, одберете семки кои не се печени и солени. Чувајте ги во затворен сад во фрижидер или замрзнувач.

Принтај
Top