Праски

Праски

Праската е сочно овошје која е богата со витамин Ц, бета-каротен и антиоксиданси. За да ги подготвите праските за смути, измијте ги убаво, исечете ги на половина и отстранете ја семката. Нема потреба да ги лупите, особено ако користите органски праски.

Здравствени придобивки

  • Ја подобруваат циркулацијата на крвта
  • Го стимулира варењето на храната
  • Корисни се за кожата и богати со витамин А и Ц

Одбирање

Кога купувате праски, секогаш одбирајте свежи наместо замрзнати или конзервирани. Особено избегнувајте ги тие што имаат и сируп. Најдобрите праски ќе изгледаат свежо. ќе бидат меки и ќе немаат темни точки. Зрелите праски треба да се конзумираат набрзо по купувањето.

Принтај
Top