Ореви

Ореви

Оревите се богати со омега-3 масни киселини кои помагаат во подобрување на здравјето на мозокот и на меморијата. Со 30 грама ореви, во вашето тело ќе внесете 2,5 гр. омега-3, 4 гр. протеини, 2 гр. влакна и доза на магнезиум и фосфор за здравје на коските. Докажано е дека луѓето кои конзумираат ореви секојдневно, имаат поголеми шанси да одржуваат нормална телесна тежина. Оревите содржат гама-најголема количина на антиоксиданси од сите други јатки.

Здравствени придобивки

  • Богати се со омега-3 масни киселни
  • Одличен извор на антиоксиданси и витамин Е
  • Помага во одржување на здравјето на дебелото црево и во регулирање на работата на цревата

Одбирање

Оревите можете да ги купите не излупени, кои треба да ги исчистите пред да ги ставите во вашето смути.Исто така, можете да ги купите и исчистени. Чувајте ги во затворен сад, во фрижидер до 6 месеци, а во замрзнувач и до 1 година.

Принтај
Top