Компири

Компири

Многумина ги поврзуваат компирите со нездрава храна како помфрит, печен компир (со павлака и сланина) и чипс. Реалноста е дека, иако компирите се богати со јаглехидрати, тие се богати и со хранливи материи и содржат малку калории. Свежо испечен компир содржи скоро 50% од препорачаната дневна доза на витамин Ц, повеќе калиум од бананите и повеќе фитохемикали од брокулата, а сите тие се познати по тоа што штитат од кардиоваскуларни болести, болести на дишните патишта и одредени видови на рак.

Здравствени придобивки

  • Помагаат во намалување на крвниот притисок
  • Сокот од компири се користел како стар азиски лек за да ги олесни киселините во желудникот
  • Богати се со сложени јаглехидрати за поголема енергија

Одбирање

Одбирајте цврсти и мазни компири. Чувајте ги во ладно, суво место, но, не ги ставајте во фиржитер бидејќи така, скробот кои тие ги содржат ќе се претвори во шеќер. Пред да ги додате во смути, измијте ги со ладна вода и исечете ги на помали парчиња. Не ги лупете, таму се наоѓаат сите хранливи материи.

Принтај
Top