
Just taste the goodness! Овие мали семки полни со сок се одличен додаток на секое смути бидејќи се богати со антиоксиданси. Содржат малку калории а многу растителни влакна, тие се добри и за регулирање на тежината и се богати со витамините Ц и К, кои пак се добри за здравјето на имуниот систем. Семките од калинката се борат со болестите, богати се со фитохемикали а особено со полифеноли.
Здравствени придобивки
- Може да има ефект во намалувањето на ризикот од срцеви болести
- Одличен извор на антиоксиданси
- Одличен извор на витамин Ц кој помага во зајакнувањето на имуниот систем
- Докажано е дека содржат лековите својства за борба против рак
Одбирање
Одберете калинки кои се округли, светли и тешки за нивната големина. Типичната сезона на калинките е од октомври до февруари. За да ги извадите семките, калинката исечете ја на половина и ставете ја во сад со вода да постои 2 минути. Потоа, поделете ја калинката на парчиња и со прстите вадете ги семките додека сè уште ја држите калинката под вода. Мембраните треба да бидат веќе опуштени и семките ќе излегуваат полесно.