Јагоди

Јагоди

Овие мали благи овошки се богати со феноли кои го штитат срцето, се борат против ракот и против воспаленија. Тие имаат богат вкус и можат да се комбинираат со многу различни вкусови, што ги прави совршена состојка за секое смути. Измијте ги убаво, исечете ги зелените ливчиња пред да ги додадете во смутито.

Здравствени придобивки

  • Ја намалуваат тензијата и стресот
  • Клинички е покажано дека имаат антивирусни карактеристики
  • Богати се со витамин Ц
  • Го намалуваат стресот и го одржуваат здраво срцето и крвните садови

Одбирање

Помалите и средните јагоди обично имаат поубав вкус од големите, затоа одберете ги нив. Извадете ги расипаните плодови пред јадење или пред да ги ставите во фрижидер. За да ги замрзнете, следете ги истите чекори како за малините.

Принтај
Top