
Јатките се познати по нивните многубројни предности, а ф’стаците не се исклучок! Богати со антиоксиданси, витамини и минерали, а во едно истражување е докажано дека можат да помогнат во намалувањето на холестеролот за 14%. Исто така, тие се богати со витамин А и Е.
>Здравствени придобивки
- Помага во регулирање на нивото на холестерол во крвта
- Содржат антиоксиданси и каротеноиди кои помагаат во одржување на здравјето на очите и кожата
- Здрави грицки за кога сте на диета
- Докажано е дека го храни нервниот систем
Одбирање
Живите ф’стаци содржат најмногу антиоксиданси, затоа купувајте ги тие што имаат светло зелена боја. Излупете ги пред конзумирање.