Целер

Целер

Целерот е богат со антиоксиданси и е познат по неговите дијуретички својства. Тој е одличен за детоксификација, особено за бубрезите бидејќи го намалува нивото на мочната киселина, со што го намалува ризикот од појава на камења во бубрезите. Иако не е зеленчук кој се смета за богат со натриум, сепак, целерот, содржи повеќе од другите зеленчуци. Многу луѓе велат дека целерот содржи негативни калории, но, тоа не е можно. Тој не содржи многу калории а е богат со витамин Ц и витамин А.

Здравствени придобивки

  • Најпознат е по своите дијуретички својства
  • Содржи соединенија кои го намалуваат крвниот притисок
  • Може да ја спречи појавата на мигрена
  • Зеленчук кој содржи најмногу натриум и го балансира нивото на електролити

Одбирање

Целерот треба да биде прав со свежи лисја. Избегнувајте ги тие што се потемнети и не изгледаат свежо.

Принтај
Top