Здравје

Летно смути

Летно смути

Број на прегледи : 5562

Состојки

Опис

сите состојки убаво се мијат, се сецкаат на мали парчиња и се блендираат...бидејки смесата станува густа како каша одозгора можете да посипете сецкани зрнести плодови за декорација :)

  • Круша

    Крушите се хипоалергенски, тоа значи дека е малку веројатно дека тие можат да предизвикат алергиски реакции. За да ги подготвите за смути, измијте ги убаво и исечете ги на половина. Исечете го делот со семките и дршките. Не мора да ги лупите.

  • Праски

    Праската е сочно овошје која е богата со витамин Ц, бета-каротен и антиоксиданси. За да ги подготвите праските за смути, измијте ги убаво, исечете ги на половина и отстранете ја семката. Нема потреба да ги лупите, особено ако користите органски праски.

  • Вода

    Препорачуваме во секое смути да додадете течна состојка. Обично, водата е добар избор бидејќи има неутрален вкус и нема дополнителни калории. Таа е најдобар извор за хидрирање на планетава. Многумина од нас се дехидрирани а не се ни свесни за тоа.

  • Банана

    Бананите се лесни и содржат калиум, влакна, манган и витамин Ц, што ги прави одлични за децата. Тие ви помагаат полесно да заспиете, да го зајакнете имунитетот како и да го задржите калциумот во телото.

Top