Се блендираат сите состојки и се послужува со коцка мраз.
Праска
Праската е сочно овошје која е богата со витамин Ц, бета-каротен и антиоксиданси. За да ги подготвите праските за смути, измијте ги убаво, исечете ги на половина и отстранете ја семката. Нема потреба да ги лупите, особено ако користите органски праски.
Овесни снегулки
Овесот содржи специјални влакна кои ефикасно го намалуваат нивото на холестерол. Исто така, може да го регулира и шеќерот во крвта и да ја спречи појавата на тип 2 дијабетес. Знаете ли дека овесот се користи како природно решение против чешање?
Вода
Препорачуваме во секое смути да додадете течна состојка. Обично, водата е добар избор бидејќи има неутрален вкус и нема дополнителни калории. Таа е најдобар извор за хидрирање на планетава. Многумина од нас се дехидрирани а не се ни свесни за тоа.